Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Германскиот репрезентативец Тони Крос во јануари би можел да го напушти Реал Мадрид, и тоа по седум години откако имаше успешен период во шпанскиот гигант.
Шпанските медиуми пишуваат дека Реал сака да го продаде Германецот во јануари, а заинтересирани клубови за неговите услуги има многу.
ПСЖ е еден од нив и подготвен е да ги исполни финансиските желби на Реал во висина од 30 милиони евра.
Парижаните ќе имаат конкуренција од Манчестер сити, чиј тренер Пеп Гвардиола го почитува Германецот и го сака во неговата екипа.
Крос со Реал ги освои сите можни трофеи, меѓу кои и четири пехари во Лигата на шампиони (ЛШ) и два во првенството.
За Реал одигра 327 натпревари, а притоа постигна 22 гола и 80 асистенции.