Реал Мадрид подготвува понуда за Мане, која Ливерпул тешко ќе може да ја одбие!

Реал Мадрид подготвува понуда која би ја натерала управата на Ливерпул да го продаде Садио Мане, кој е во моментов еден од најважните фудбалери во екипата на Јирген Клоп.

Шпанскиот гигант бил подготвен да понуди 155 милиони евра за потписот на Мане, а наводно Ливерпул е подготвен да преговара за да го пушти својот напаѓач.

Мане е важен фудбалер во тимот на Клоп затоа што постигна 18 голови и 12 асистенции на 38 меча, а од тоа постигна 14 голови во Премиерлигата, па е еден од најзаслужните што Ливерпул е на праг до титулата.

Реал во моментов не игра како што сака, а доаѓањето на Еден од Азар не ја „закрпи“ дупката со заминувањето на Кристијано Роналдо.