Реал Мадрид ѝ одржа лекција на Барселона во „Ел Класико“ 🎥


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид го победи вечниот ривал Барселона со 3-2 во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп, кој се игра во Саудиска Арабија.

Одличен натпревар беше одигран со дури пет гола, а серијата ја отвори Винисиус Жуниор во 25. минута, откако искористи грешка на Барселона, по што каталонскиот гигант израмни на 1-1 преку Лук Де Јонг.

Карим Бензема беше стрелец на вториот гол за „кралевите“ (2-1), но Ансу Фати погоди за 2-2 и избори продолженија во кои подобар беше тимот од Мадрид.

Единствениот гол во судиското продолжение го постигна Федерико Валверде, кој стрелаше за 3-2 и така го испрати Реал во финалето на шпанскиот Суперкуп.