Реал Мадрид без три ѕвезди ќе го нападне Лајпциг


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид вечерва гостува во Лајпциг во петтото коло од Лигата на шампиони, а тренерот Карло Анчелоти нема да смета на Карим Бензема, Лука Модриќ и Феде Валверде.

Бензема и Валверде имаат повреди и затоа нема да бидат дел од тимот, а засега не е позната причината поради која Модриќ ќе има одмор за време на дуелот со Лајпциг.

Валверде се повреди во саботата на мечот против Севилја, а Бензема веќе некое време се мачи со болки во левата нога.

„Кралевите“ се први во групата Ф со 10 бодови и им треба само еден бод за да го обезбедат местото во следната фаза, по што Лајпциг следи со шест, Шахтјор има пет, а Селтик е последен со еден бод.