Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Последниве денови се појавија гласини за продолжување на преговорите помеѓу Винисиус Јр. и Реал Мадрид за продолжување на договорот, но изгледа дека ситуацијата не е таква. Иако преговорите претходно беа одложени и уште сè уште не е најдено решение, новинарот Ману Карено донесува информации кои ги опровергуваат гласините што се појавија, пишува Mundo Deportivo.
“Намерата и на фудбалерот и неговата околина, како и на Реал Мадрид, е да се фокусираат на сезоната и, во принцип, разговорите нема да продолжат додека не заврши. Договорот беше постигнат за продолжување до 2030 година, три години повеќе, со зголемување на платата на Винисиус, блиску до 25 милиони евра нето,” истакна Карено и додаде:
“Сезоната започна и двете страни одлучија да ги одложат преговорите до нејзиниот крај. Ќе видиме како ќе се развиваат работите за Винисиус и за Реал Мадрид. Моите информации се такви. За сега, нека топката се тркала и ќе видиме. На лето, договорот на Вини влегува во последната година. Ќе биде интересно.”
Фото: Grok ИИ