Реал Мадрид доби нов „грб“ по мечот против Бетис (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид потешко од очекуваното славеше со 3-2 против Бетис на гостувњето во Севиља, но мечот го одбележаа неколку контрадикторни одлуки, поради кои се крена шпанската јавност на нозе.

Главниот судија на мечот Рикардо де Бургос користеше ВАР-технологија и досуди двапати во корист на „кралевите“. Најпрво му даде црвен картон на Емерсон, а потоа додели и пенал на шпанскиот шампион.

Шпанската јавност не е задоволна поради потегот на судијата, па порача дека клубот е сојузник со ВАР-системот, а му направија и нов „грб“ на шампионот.