Реал Мадрид добива бесплатно засилување од Лондон


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Реал Мадрид, наводно, е на прагот да потпише договор со Кристијан Ериксен од Тотенхем, чиј договор завршува на крајот на сезоната, а тоа значи дека „кралевите“ ќе го добијат целосно бесплатно.

Данскиот фудбалер има договор до Тотенхем до 2020 година. Поради тоа што не успеа да договори продолжување на соработката, тој има право да преговара со други клубови од јануари, а најверојатно ќе потпише договор со шпанската екипа.

Така ќе заврши уште една голема приказна, која со месеци наназад се влечеше низ медиумите и Ериксен конечно ќе го напушти Тотенхем.

Данецот во Лондон стигна во 2013 година од Ајакс, па за Тотенхем одигра 291 меч и постигна 68 голови.