Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот гигант Реал Мадрид се обидува да го добие потписот на 22-годишниот француски фудбалер Аурелиен Чуамени од Монако. „Дефенса Централ“ објави дека тој е главна цел на „кралевите“ во следниот преоден рок.
Чуамени игра одлично во дресот на Монако, откако пристигна од Бордо во јануари 2020 година, а притоа избори место и во репрезентацијата на Франција.
„Кралевите“ на лето планираат да се ослободат од Иско и Дани Себаљос, па тренерот Карло Анчелоти мора да бара замена бидејќи нема за Касемиро.
Реал Мадрид ќе мора да потроши многу пари за 22-годишниот фудбалер бидејќи „кнезовите“ за неговите услуги бараат 60 милиони евра, што воопшто не е мала сума затоа што „кралевите“ следното лето планираат да тргнат и по услугите на Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.