Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Бразилскиот бисер не успеа да се избори за место во ѕвездената екипа на Реал, а клубот смета дека новото позајмување би било најдобриот потег за неговиот понатамошен развој.
Ендрик е пред нов голем предизвик во кариерата. Младиот бразилски напаѓач би можел да го напушти Реал Мадрид и следната сезона да ја помине во Премиер лигата, откако неговите претставници од агенцијата Roc Nation започнаа со работа на пронаоѓање на нов клуб.
Според информациите на новинарот Рамон Алварез, Реал Мадрид и тимот на Ендрик се согласија дека новото позајмување е најдоброто решение за 20-годишниот напаѓач, кој во овој момент тешко може да се избори за сериозно време за играње на Сантјаго Бернабеу.
Конкуренцијата во Мадрид стана огромна. Со доаѓањето на новите офанзивни опции како Карлос Еспија и Јан Диоманде, заедно со веќе постоечките ѕвезди како што се Винициус Жуниор, Килиан Мбапе, Родриго и Брахим Диаз, патот на Ендрик до место во стартната постава е дополнително отежнат.
















