Реал Мадрид дозна важна вест пред ПСЖ, познат составот за пласман во четвртфинале?


Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва го играат најважниот меч во сезоната, па мора да ги победат Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе ако сакаат да останат во Лигата на шампиони (ЛШ).

Тренерот Карло Анчелоти денеска дозна дека Тони Крос ќе биде подготвен за старт на натпреварот, иако во претходните денови беше повреден и се шпекулираше дека нема да настапи.

Неговото присуство е од големо значење за екипата и поради фактот дека Касемиро е суспендиран, па Крос ќе помогне во средниот ред.

Шпанските медиуми го објавија и потенцијалниот состав на „кралевите“ за вечерашниот меч, а тој е составен од Куртоа – Карвахал, Милитао, Алаба, Начо – Крос, Модриќ, Валверде – Асенсио, Винисиус и Бензема.