Реал Мадрид е главен во Шпанија: Бензема и Асенсио го расплакаа Атлетико 🎥


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид продолжи да ја зголемува предноста пред останатите конкуренти во Ла Лига, откако го победи градскиот ривал Атлетико Мадрид со 2-0 во 17. коло од шампионатот.

„Кралевите“ многу рано стигнаа до предност, откако Карим Бензема ја искористи првата поголема шанса и асистенцијата на Винисиус Жуниор ја претвори во гол.

Атлетико се закануваше кон голот на Тибо Куртоа, кој имаше одлична вечер и ја зачува својата мрежа, додека вториот гол за „кралевите“ го постигна Марко Асенсио во 57. минута.

Реал Мадрид има 42 бода на табелата во Ла Лига, односно осум повеќе од најблискиот конкурент Севиља, по што следи Бетис со 33, а Атлетико има 29.