Реал Мадрид е најдобар по речиси цел век!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид продолжија со одличните настапи на стартот на сезоната, па така го израмнија најдобриот старт во сезоната по 93 години.

Реал со триумфот против Хетафе има 11 победи и едно реми, па такво нешто им успеа во далечната 1928/29.

Реал Мадрид во првиот меч славеше против Ајнтрахт во Суперкупот на Европа, а потоа следеа триумфи во Ла Лига и Лига на шампиони, а само Осасуна успеа да остане непоразена и да освои бод.

Ова е најдобра можна најава за „Ел Класико“, кое е закажано за недела во Мадрид, меѓутоа не треба да се потцени ниту Барселона која во домашното првенство има седум победи и едно реми.