Реал Мадрид ги освои срцата на навивачите ширум светот: Ништо нема да не спречи да играме!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид се соочува со сериозни проблеми затоа што поради вирусот не можат да сметаат на многу фудбалери, но и покрај тоа „кралевите“ во претходното коло го совладаа Атлетик Билбао на „Сан Мамес“.

Дури и поради проблемите со вирусот, Реал Мадрид соопшти дека сака да ги игра своите натпревари и не сака да ги одложува натпреварите со што би се направил дополнителен хаос во распоредот.

„Ќе играме со фудбалерите кои ни остануваат, како и со млади фудбалери од академијата“, соопштија од Мадрид.

„Кралевите“ ја освоија есенската титула и имаат осум бода повеќе од второпласираната Севиља, која сезонава им е најсериозен конкурент на ѕвездите на Реал Мадрид.