Реал Мадрид го чека пекол: 25.000 навивачи ќе бидат во Арената во Белград!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Партизан води со 2-0 против Реал Мадрид и вечерва се игра третиот меч од четвртфиналето во Евролигата, а српската екипа има можност да обезбеди место на Ф4-турнирот.

Поради инцидентот и тепачката во Мадрид, српските навивачи им подготвуваат пекол на гостите од Мадрид, а се очекува во Арената во Белград да има околу 25.000 гледачи.

„Арената има свои можности. Висок е степенот на безбедност, сметаме дека ова е вонредна ситуација. Во Арената ќе бидат присутни над 25.000 гледачи, а тука ќе има и полиција, обезбедување и други луѓе“, ажа директорот на Арената, Горан Грбовиќ.