Реал Мадрид го купува фудбалерот кој го нокаутира ПСЖ

Новата сезона не почна најдобро за Реал Мадрид, без оглед на тоа што шпанскиот клуб потроши многу милиони за ремонт на тимот.

„Кралевите“ посебно ги боли поразот од ПСЖ со 0-3 во Париз, па поради тоа управата на Реал бара нови засилувања.

Неколку млади фудбалери блескаа на стартот на сезоната во европските лиги, а Реал го посакува Едуардо Камавинг, кој има 16 години.

Интересно е тоа што имаше одличен настап против ПСЖ, па доминираше во средината на теренот и асистираше за гол на Рен, кој славеше на крајот со 2-1.

Исто така, 16-годишниот Камавинг во август беше прогласен за фудбалер на месецот во Лига 1.