Реал Мадрид го мачи Бејл: Не сака да го продаде, а нема да му даде шанса да игра!?


Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Герет Бејл одамна знае дека нема да добие голема минутажа во Реал Мадрид наредната сезона, зашто тренерот Зинедин Зидан најави дека ќе го реконструира составот, па се очекуваат неколку нови ѕвезди на лето.

Шпанските медиуми пишуваат дека претседателот Флорентино Перез не сака толку лесно да се откаже од Бејл, но јасно е дека за него нема место во екипата, па поради тоа „кралевите“ ќе се обидат да го испратат на позајмица.

„Марка“ пишува дека Бејл ќе биде испратен на позајмица, а притоа тимот што ќе го ангажира, ќе може да го откупи, но и Реал Мадрид ќе има можност да го врати доколку им затреба.

Нешто слично направи и Хамес Родригез, кој веќе две сезони е на позајмица во Баерн Минхен, па останува да видиме дали и Бејл ќе се согласи на такво нешто.