Реал Мадрид го официјализираше доаѓањето на нов играч: Чудо од дете стигна за 45 милиони евра!

Реал Мадрид денес го официјализира доаѓањето на уште еден фудбалер.

Откако ова лето клубот се засили со Лука Јовиќ, Ферланд Менди, Еден Азар и Едер Милитао, на ред дојде Бразилецот Родриго кој во клубот доаѓа од Сантош.

Овој трансфер од поодамна е познат, а денес доби и официјална потврда. Родриго стигна од Мадрид и ќе биде претставен на Сантијаго Бернабеу во 13.00 часот.

Инаку, се работи за фудбалер кој беше баран од многу великани помеѓу кои ПСЖ и Барселона, а Реал на крајот го купи за вртоглави 45 милиони евра.

Момчето има само 18 години, игра на позицијата крилен напаѓач, а во минатата сезона во бразилската Серија А постигна осум голови со три асистенции иако имаше само 17 години.

За младата репрезентација на Бразил одигра 10 мечеви и постигна три погодоци.