Реал Мадрид го отпушти клупскиот доктор поради Ѓулер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид сè уште е без талентираниот турски фудбалер Арда Ѓулер кој се повреди неколку пати откако пристигна во екипата.

Ова предизвика реакција на управата на клубот, која реши да го отпушти клупскиот доктор Нико Михиќ.

Одлуката за отказ доаѓа по честите повреди на Ѓулер, а управата не била задоволна од Михиќ и од претходната работа.

Најголеми критики доби поради повредите на Карим Бензема, Давид Алаба и Дани Себаљос во минатата сезона.