Реал Мадрид го подготви дресот за идната сезона кој треба да го носат Азар, Погба… (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид имаше катастрофална сезона, но летово ќе прави големи промени во екипата, па се очекуваат трансфери на неколку ѕвезди, а прва треба да биде Еден Азар од Челси.

Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез најави ремонт, а покрај тоа се погрижи и првата гарнитура на дресови да изгледа фантастично.

На една веб-страница се појави новиот изглед на дресовите на Реал, а како што се најавуваше и претходно, првата гарнитура ќе биде со златни детали, а убаво изгледаат и гостинските дресови.

Првите оценки на шпанските навивачи се позитивни и тие се воодушевени од изгледот на дресот, за кој велат дека е навистина „кралски“.