Реал Мадрид гради тим за иднината: Перез го носи најдобриот фудбалер на Лил


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид делува недопирливо во Ла Лига оваа сезона, а претседателот Флорентино Перез почна да мисли на иднината на тимот и создава листа со желби за засилувања.

„Марка“ објави дека Реал Мадрид ја следи ситуацијата со ѕвездата на Лил, Џонатан Дејвид, а планот на Перез е да го ангажира талентираниот фудбалер кој треба да биде лидер во тимот во иднина.

Секако, најголеми желби на Перез се Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд, па доколку не успеат да го купат Норвежанецот, тогаш Дејвид би бил идеална замена за него.

Дејвид има само 21 година и е желба на многу екипи, а сезонава постигна 15 гола за Лил, па тренерот Карло Анчелоти смета дека ќе биде одлично засилување за неговата екипа.