Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Шампионот на Шпанија Барселона реши да реагира по жестоките обвиненија што ги изнесе претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, против каталонскиот клуб. Ќе покренат тужба против него.
Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, денес пред очите на целиот свет ја обвини Барселона за купување судии. Беше многу жесток кон најголемиот ривал.
„Случајот Негреира е најголемиот скандал во историјата на фудбалот. Не можам да верувам дека сè уште не е решен. Судиите од тој случај сè уште се активни, сè уште судат. Тоа нема смисла. Барселона плаќа судии веќе две декади и сите тие судии сè уште се активни”, изјави тој со напомена дека овој случај лично ќе го однесе во УЕФА за да Барса добие казна.
Откако ги слушнаа сите негови зборови, каталонскиот гигант се огласи со кратко соопштение. Пораката е дека Переза веројатно ќе го чека тужба за клевета.
















