Реал Мадрид им ги продолжи договорите на Валверде и Камавинга


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид потпиша нови договори со Едуардо Камавинга и Федерико Валверде, кои се иднината на тимот и стандардни првотимци кај тренерот Карло Анчелоти.

„Кралевите“ се подготвуваат за заминување на Лука Модриќ и Тони Крос, кои се пред пензија, па затоа потпишаа нови договори со Камавинга и Валверде и така најавија дека нема летово да трошат многу пари на засилувања во средниот ред.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека двајцата фудбалери потпишале договори до 2028 година, а воедно им биле зголемени платите.

Камавинга игра за шпанскиот тим од 2021 година, додека Валверде пристигна во Мадрид во 2016.