Реал Мадрид има буџет од 394 милиони евра за двајца напаѓачи

Шпанскиот гигант Реал Мадрид остана без замена за Карим Бензема ова лето, откако не успеа да го купи Килијан Мбапе од ПСЖ.

„Кралевите“ активно бараат решение за нападот, а на листата со желби се наоѓаат Мбапе, но и Ерлинг Халанд од Манчестер сити.

„Диарио АС“ пишува дека гигантот од Мадрид има буџет од 394 милиони евра за да ги комплетира двата договори.

Засега не е познато кога би тргнал по потписот на Халанд и Мбапе, но се шпекулира дека тоа би било дури на лето.