Реал Мадрид има понуда за Салах во која ќе го вклучи и Азар!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Египќанецот Мохамед Салах е во неверојатна форма, но не може да се договори со Ливерпул за нов договор бидејќи бара плата од неверојатни 500.000 фунти неделно.

Англиските медиуми објавија дека оваа ситуација ќе се обиде да ја искористи Реал Мадрид, кој планира да го купи Салах, а во трансферот сака да го вклучи и Еден Азар.

„Кралевите“ го купија Азар пред две години, но Белгиецот имаше серија повреди и никогаш не ги оправда очекувањата, па поради тоа неговата цена во моментов е многу ниска, но секако би можел да послужи во преговорите со Ливерпул.

Засега не е познато колку пари планира да понуди Реал Мадрид, освен услугите на Азар, но дефинитивно ќе мора да се потрудат за да ги задоволат апетитите на поранешниот англиски и европски шампион Ливерпул.