Реал Мадрид има три приоритети по трансферот на Чуамени!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид ја освои титулата во Лигата на шампиони (ЛШ), но и Ла Лига, па шпанскиот гигант сака да го повтори успехот, а за тоа ќе им требаат засилувања.

Во шпанскиот шампион веќе пристигна Антонио Рудигер како бесплатно засилување, а наскоро „кралскиот дрес“ ќе го облече и Орелиен Чуамени, па потоа раководството на тимот ќе се насочи на нови засилувања.

Медиумите пишуваат дека тимот има три приоритети ова лето, откако најпрво ќе потпишат договор со Чуамени.

Најпрво се разгледува опцијата дали да биде потпишан договор со Габриел Жесус, кој ќе си замине ова лето од Манчестер сити, а веќе постојат контакти меѓу двете страни, иако не се откриваат повеќе детали, како што објави познатиот италијански новинар Фабрицио Романо.

Реал сака да ги продаде фудбалерите кои немаат иднина во тимот, а тоа се Асенсио, Јовиќ и Мариано, кои не добиваат премногу шанса кај тренерот Карло Анчелоти.

Последната и можеби најтешка мисија ќе биде да им се украде Рис Џејмс на Челси, кој е еден од најважните членови на екипата, но тој е заинтересиран за нови интереси, па повик од Реал можеби ќе го натера да побара трансфер.