Реал Мадрид ја направи листата – познато е кои фудбалери си заминуваат!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Зинедин Зидан во понеделник треба да соопшти дали ќе остане на тренерското место на Реал Мадрид.

Зидан пред неколку недели најави дека ова ќе биде негова последна сезона на клупата на „кралевите“ и веројатно ќе бара нов предизвик.

Веќе некое време во шпанските медиуми се шпекулира дека би можел да го преземе кормилото на „кралевите“, а според последните информации прва желба на Флорентино Перез е Масимилијано Алегри.

„Кралевите“ размислуваат и за нови засилувања, а веќе е познато дека Давид Алаба доаѓа како слободен фудбалер, додека Килијан Мбапе останува главна желба на тимот.

Исто така, се очекува некој од поискусните играчи да го напушти клубот, а како што стојат работите, тоа ќе бидат Серхио Рамос, Марсело и најверојатно Лука Модриќ, иако тој сака да ја заврши кариерата во Мадрид.

Покрај овие тројца, на листата за трансфери ќе бидат Еден Азар, Марко Асенсио и Рафаел Варан, додека од претходно се отпишани Герет Бејл, Лука Јовиќ и Дани Себаљос.