Реал Мадрид ја растури Валенсија и повторно се доближи до Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Реал Мадрид славеше убедлива победа од 3:0 против тимот на Валенсија во натпревар одигран на „Алфредо Ди Стефано“ стадионот во Мадрид.

„Кралевите“ имаа комплетна доминација во текот на целиот натпревар, а „виновник“ што мрежите мируваа во првиот дел беше Јеспер Силесен кој ја имаше можеби и најдобрата партија во дресот на Валенсија.

Сепак, во вториот дел Реал Мадрид го пронајде патот до мрежата на Силесен и со три гола ги задржа трите бода во Мадрид.

Карим Бензема го отвори резултатот во 61. минута, а на 2:0 зголеми Марко Асенсио во 74. минута.

Ова беше прекрасен момент за Асенсио кој погоди по само 30 секунди по неговото влегување во игра откако мораше да паузира поради страшна повреда цела една година.

Последниот гол беше дело на Бензема кој постигна феноменален гол на асистенција на Марко Асенсио.