Реал Мадрид ќе добие нов напаѓач, а за возврат го нуди Јовиќ плус 20 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лука Јовиќ е еден од најлошите трансфери во историјата на Реал Мадрид посебно ако се земе во предвид дека е платен 63 милиони евра.

Јовиќ пред две години одигра спектакуларна сезона за Ајнтрахт Франкфурт, но по преселбата во Реал тој се промени.

По година ипол за заборав, Јовиќ минатата зима се врати во Ајнтрахт на позајмица и засега не му оди воопшто лошо затоа што постигна четири гола во Бундеслигата.

Во тимот на Франкфурт одлично игра и Андре Силва, а токму тој привлече внимание на „кралевите“, кои планираат да му го понудат Јовиќ на Ајнтрахт плус 20 милиони евра.

Силва има 25 години и би бил одлично решение како замена за Карим Бензема, кој и сезонава е неверојатен, но се ближи до крајот на кариерата.