Реал Мадрид ќе добие ѕвезда на Баерн Минхен – бесплатно!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид е најблиску до договор со фудбалерот на Баерн Минхен, Давид Алаба, кој одби неколку пати да ја продолжи соработката со германскиот гигант.

Алаба има намера да си замине од Минхен, а за неговиот потпис се борат неколку тимови. Сепак, Реал Мадрид е пред потпис со него, откако си договорил четиригодишен договор со плата од 10 милиони евра, барем така пишуваат светските медиуми.

Репрезентативецот на Австрија одигра 404 меча за Баварците, а притоа постигна 32 голови и 49 асистенции и може да покрие неколку позиции во одбраната, па без сомнеж ќе биде огромно засилување за „кралевите“.