Реал Мадрид ќе го потпише најмоќниот спонзорски договор во историјата од – 10 милијарди евра!


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид е блиску до потпис на договор со американската корпорација „Леџенс Хоспиталити“, а овој спонзор на „кралевите“ треба да им донесе приход од 10 милијарди евра за 25 години, односно околу 400 милиони евра по сезона.

„Леџендс Хоспитилити“ ќе добие 20 отсто од акциите во фирмата која управува со „Сантијаго Бернабеу“, кој во следната година ќе биде целосно реновиран, па така корпорацијата ќе организира собири на стадионите и ќе треба да привлече реномирани брендови.

По реконструкцијата на стадионот, која се очекува да заврши во јануари 2023 година, арената во Мадрид ќе стане една од најмодерните во светот, па така ќе се зголеми и просторот за забави и угостителство.

Пешачката зона околу стадионот ќе се зголеми за 20.000 метри квадратни, ќе се подобри безбедноста, достапноста и евакуацијата за сите навивачи и ќе се отворат два големи фан-шопови и ќе се прошири музејот, додека капацитетот треба да изнесува 81.000 места за седење.