Реал Мадрид ќе го продаде Варан, ама одговорот на Перез ќе ги разочара навивачите


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид може да го продаде Рафаел Варан ова лето, доколку пристигне добра понуда, но претседателот Флорентино Перез не сака да ангажира замена за него.

„Кралевите“ беа заинтересирани за Кунде од Севиља и Торес од Виљареал, но очигледно Реал нема да тргне по нивниот потпис откако претходно го продолжи договорот со Начо.

Варан реши да го напушти Мадрид бидејќи не сакаше да го продолжи договорот. Французинот ќе биде продаден летово или најверојатно ќе замине бесплатно следната сезона.

Меѓутоа, „кралевите“ сакаат да заработат на негов трансфер, па затоа ќе го продадат летово.