Реал Мадрид ќе го продава Варан, а сега се знае и по која цена!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид планира ремонт на екипата ова лето, а еден од играчите кои ќе заминат е дефанзивецот Рафаел Варан.

Варан има уште една година од неговиот договор, но преговорите за продолжување на соработката не се движат во посакувана насока, па поради тоа „кралевите“ ќе се обидат да заработат нешто од негов трансфер.

Интерес за услугите на францускиот репрезентативец покажаа Манчестер јунајтед и Челси, но тие ќе мора да платат 70 милиони евра за неговиот потпис, колку што бара шпанскиот гигант.

„Кралевите“ неодамна го ангажираа Давид Алаба, а планираат да купат уште еден дефанзивец, па поради тоа нема повеќе место за Варан.