Реал Мадрид ќе има итен состанок поради Барселона


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Голема прашина се крена во Шпанија поради обвинението за корупција против Барселона, при што се обвинети поранешните претседатели Жозе Марија Бартомеу и Сандро Росел дека му давале пари на бившиот потпретседател на судиската комисија во Ла Лига.

Поради ова претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез повика итен состанок на Управниот одбор за да се разговара за ситуацијата.

„Кралевите“ досега не реагираа поради овие обвиненија и не ги поддржаа останатите 40 екипи кои се против Барселона.

Состанокот на Управниот одбор ќе се одржи утре од 12 часот за да се реши каква ќе биде реакцијата на „кралскиот клуб“ во однос на ова прашање.