Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ќе има 500 милиони евра за засилувања, а за задача има да го врати клубот во врвот на светскиот фудбал.
Белгиската ѕвезда Еден Азар засега е еден од „сигурните“ фудбалери, кои ќе пристигнат на „Сантјаго Бернабеу“, а за него „кралевите“ ќе платат 100 милиони евра.
По неговите стапки најверојатно ќе тргне и Пол Погба, кој е голема желба на Зидан, па претседателот на клубот Флорентино Перез попуштил и му дозволил да го донесе во тимот.
Цената воопшто нема да биде мала. Англиските медиуми тврдат дека Реал ќе плати 150 милиони евра и ќе ја наполни касата на „црвените ѓаволи“.