Реал Мадрид ќе му го продаде Бејл на Тотенхем за – џабе!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид конечно успеа да се ослободи од Герет Бејл, кој минатото лето замина на позајмица во Тотенхем, но одлично се прилагоди во неговиот поранешен клуб, па сега екипите размислуваат и за трансфер на фудбалерот.

Шпанските медиуми објавија дека Тотенхем би можел да го добие Бејл за „само“ 15 милиони евра бидејќи „кралевите“ сакаат да се ослободат од неговиот голем договор.

Бејл не е во добри односи со тренерот Зинедин Зидан, па не добиваше многу шанса во екипата, поради што реши да го напушти клубот.

Да потсетиме, Реал за Бејл во 2013 година плати неверојатни 100 милиони евра, но сега ќе мора да го продаде многу помалку.