Реал Мадрид ќе му го продаде Варан на Манчестер јунајтед, но за – многу пари!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед ја испрати првата официјална понуда до Реал Мадрид за францускиот дефанзивец Рафаел Варан.

Овој 28-годишен фудбалер покажа желба да го напушти Реал и раководството на „кралевите“ ќе се обиде да му ја исполни желбата.

„Црвените ѓаволи“ понудиле сума од 40 милиони евра плус бонуси за Французинот, но на таква понуда нема шанси да се согласи тимот од Мадрид.

Реал не сака ниту да преговара за сума помала од 70 милиони евра, па доколку Јунајтед толку многу го сака Варан, ќе мора да ја зголеми понудата.

Варан пристигна во Мадрид од Ленс во 2011 година за 10 милиони евра, а досега настапи на 360 меча за „кралевите“ и постигна 17 голови.

Сепак, смета дека е време за нов предизвик во кариерата и поради тоа побара трансфер.