Реал Мадрид ќе остане без Алаба, Барселона и Англичаните пак се во игра за неговиот потпис?


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Одбранбениот фудбалер на Баерн Минхен, Давид Алаба е еден од најбараните играчи на кои им завршува договорот летово и може да потпише соработка со било која екипа целосно бесплатно.

Во текот на јануари се појавија шпекулации дека Алаба ќе го засили Реал Мадрид, но сепак сега во игра се вмешаа и тимовите на Барселона, Челси и Ливерпул.

Германски „Билд“ во средата објави дека преговорите меѓу Пини Захави и Реал Мадрид не течат како што се очекувао.

„Договорите меѓу Реал и Захави воопшто не напредуваат како што најавија Шпанците. Алаба и Захави чекаат богата понуда од Англија“, пишува германскиот медиум.