Реал Мадрид ќе остане без најдобриот фудбалер во градското дерби


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Тренерот Карло Анчелоти реши да не смета на услугите на францускиот напаѓач Карим Бензема во мечот против Хетафе во малото градско дерби.

Бензема не се појавил на тренингот, а тоа значи дека нема да настапи ниту на дуелот против Хетафе, а тренерот Анчелоти реши да го одмори Французинот по предлог на медицинскиот тим.

Ова значи дека шпанскиот шампион утре не може да смета на Тибо Куртоа, Дани Себаљос и Бензема бидејќи не сака да ризикува дополнително пред големото дерби против Барселона.

Реал ќе се обиде да го запише седмиот триумф во домашното првенство, откако во воведните седум кола има шест победи и еден пораз, додека во Лига на шампиони славеше на три од три дуели.