Реал Мадрид ќе потпише со ѕвезда на Тотенхем, но подготвува и уште поголема „кражба“ во Лондон


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид планира да го „ограби“ Тотенхем. Кристијан Ериксен е одамна нивна желба, како и тренерот Маурицио Покетино, па Реал е подготвен да тргне по тоа што го сака.

Фудбалерот на Тотенхем има договор со екипата од Лондон до следното лето, а од јануари 2020 година може слободно да преговара со други клубови.

„Дејли Мирор“ пишува дека Ериксен ќе пристигне како слободен фудбалер во Реал Мадрид, откако ќе потпише пред-договор со него во следниот период, но тоа не е крајот на „грабежот“ во Лондон.

„Диарио АС“ пишува дека веднаш по потпишување на договор меѓу двете страни, „кралевите“ ќе тргнат по стратегот на лондонскиот гигант, Покетино, со кого ќе се обидат да потпишат соработка.