Реал Мадрид може да здивне: Политиката се вмеша во спортот, се споменуваше и приватен авион за Марсело…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Покрај големите проблеми со кои се соочува Реал Мадрид, за малку дополнителен удар ќе им нанесеше и политиката.

Од пред неколку дена навивачите на Реал беа вознемирени поради тоа што левиот бек Марсело доби повик да биде контролор на гласачко место на регионалните избори во Мадрид, кои се одржуваат денеска.

Со изборите нема шега, па никој не смее да избегне повик, а со тоа му се закануваше на Марсело и отсуство од реваншот против Челси.

Резервната опција на „кралевите“ беше да платат приватен авион со кој ќе го донесат Марсело до Лондон, каде што ќе се игра реваншот од полуфиналето во Лигата на шампиони.

Меѓутоа, драма на крајот немаше. Марсело се појави во изборниот штаб, кој го ослободи од должноста, па тој ќе биде во авионот за Лондон и ќе биде одморен за вториот меч со Челси.

Реал, сепак, нема да може да смета на Рафаел Варан, Лукас Васкез, додека Серхио Рамос се врати на тренинг.