Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот гигант Реал Мадрид во јануари нема да прави трансфери, но затоа веќе се кројат планови за следното лето и на листата со желби на претседателот Флорентино Перез има неколку потенцијални засилувања.
„Калчомеркато“ пишува дека Реал Мадрид му „фрлил око“ на фудбалерот на Интер, Николо Барела кој е еден од најдобрите фудбалери за врска во Серија А откако им се приклучи на „нераѕурите“.
Овој 25-годишен фудбалер оваа сезона постигна шест гола и шест асистенции во 20 настапи во сите натпреварувања, па со право привлече интерес на многу гиганти, меѓу кои е и Реал Мадрид.
„Кралевите“ мислат на иднината затоа што Лука Модриќ и Тонис Крос се пред крајот на кариерата и некој мора да ги замени, а Барел делува како многу добар избор во моментов.