Реал Мадрид му продава фудбалер на Реал Сосиедад за „ситни пари“


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Реал Мадрид во следните часови ќе го продаде талентираниот фудаблер Такефусо Кубо, кој е блиску до Реал Сосиедад, а шпанскиот шампион за трансферот ќе добие околу 6,5 милиони евра.

Јапонецот имаше договор со „кралевите“ до јуни 2024 година, а важеше за еден од најголемите јапонски таленти, но никогаш не го исполни неговиот потенцијал.

Кубо играше на позајмици во Мајорка, Виљареал, Хетафе, а сега следен клуб во кариерата најверојатно ќе биде Реал Сосиедад.

Талентираниот фудбалер ги помина сите младински селекции на Јапонија, а за сениорската репрезентација одигра 18 меча и постигна еден гол.