Реал Мадрид најде нов напаѓач во Премиерлигата!?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Реал Мадрид сака да го засили нападот за следната сезона, а една од опциите би можел да биде Армандо Броја од Челси.

Поради тоа што Борха Мајорал ќе замине во Хетафе, а иднината на останатите напаѓачи е неизвесна, тренерот Карло Анчелоти бара замена за Карим Бензема.

Британските медиуми пишуваат дека Томас Тухел е подготвен да се откаже од албанскиот репрезентативец, откако го доби Рахим Стерлинг.

Албанскиот фудбалер е желба на многу клубови од Премиерлигата, откако имаше импресивна сезона во дресот на Саутемптон.

Во моментов цената на Броја изнесува околу 22 милиони евра, но Челси сигурно ќе се обиде да добие околу 30 милиони за неговите услуги.