Реал Мадрид најде решение за одбраната во Германија

Шпанскиот гигант Реал Мадрид во 2024 година планира да тргне по потписот на дефанзивецот на Лајпциг, Мохамед Симакан за да го реши проблемот во одбраната.

Медиумите пишуваат дека Симакан е главен кандидат за трансфер во Мадрид, откако клубот не инвестираше премногу во одбраната затоа што ги ангажира само Фран Гарсија и Кепа Аризабалага.

Планот е да се тргне по потписот на Симакан во летниот проден рок следната година, а на ваков потег се решил претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез по лошите настапи на Дани Карвахал минатата сезона.