Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот шампион Реал Мадрид планира да го задржи Карим Бензема, кој е главен фаворит за освојување на „Златната топка“ оваа година.
Францускиот напаѓач го предводеше Реал до 14. титула во Лигата на шампиони и пехарот во Ла Лига минатата сезона, а постигна вкупно 42 гола.
Овие настапи го натераа раководството на тимот да му понуди продолжување на соработката до 2024 година, тврди познатиот новинар и специјалист за трансфери Фабрицио Романо.
Бензема има договор до следното лето, а во Реал се убедени дека Французинот без проблеми ќе стави потпис на нова соработка и ќе остане во клубот барем уште една сезона.