Реал Мадрид не може да чека – испрати нова понуда за Мбапе!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Француски ПСЖ во јануари ја има последната шанса да го продаде Килијан Мбапе и да заработи нешто од неговиот трансфер, а доколку не го направи тоа, тогаш Французинот ќе замине бесплатно на крајот на сезоната.

Мбапе има договор со парижаните до следното лето, а од 1 јануари е слободен да преговара со заинтересираните екипи, меѓутоа Реал Мадрид не сака да чека и планира да го купи уште месецов.

Шпанските медиуми објавија дека „кралевите“ испратиле понуда од 50 милиони евра до Париз, но засега нема одговор од парижаните кои ќе го имаат следниот период да размислат.

Мбапе претходно кажа дека не сака да го напушти ПСЖ во јануари, туку планира да остане играч на францускиот вицешампион до крај на сезоната.

„Не се селам во Реал Мадрид во јануари. Тоа сигурно нема да се случи. Јас сум среќен во Париз и сакам да останам во ПСЖ до крај на сезоната“, кажа Мбапе.