Реал Мадрид нема да чека, веќе подготвува рекордна сума за Килијан Мбапе


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Реал Мадрид планира да понуди 250 милиони фунти за да ги обезбеди услугите на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе.

21 годишниот Мбапе беше во центарот на вниманието по караницата која ја имаше со Томас Тухел кога беше изваден од игра на средбата  со Монпелје.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека Мбапе ќе биде примарна опција за „кралевите“ во лентиот преоден рок.

Дополнително, во полза на Реал Мадрид одат и активностите на Мбапе на социјалните мрежи кој редовно ги следи фудбалерите на Реал и им реагира на фотографиите на играчите…