Реал Мадрид нема да ризикува, ќе игра без еден од најдобрите против Севиља


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба го повреди левото колено во мечот од петтото коло во Лигата на шампиони против Шериф Тираспол.

Шпанскиот тим славеше со 3-0, но Алаба мораше да ја напушти играта во 65. минута поради болки во ногата. Тој беше стрелец на голот за водство на „кралевите“ во 30. минута.

Иако најпрво стигнаа вести од Мадрид дека австрискиот фудбалер ќе се врати на теренот на следниот меч, но сепак не е така.

По медицинските прегледи беше соопштено дека дефанзивецот мора да го пропушти дуелот против Севиља во Ла Лига, кој се игра викендов.

Повредата не е сериозна, но поради претпазливост Алаба ќе биде надвор од теренот, зашто Реал во продолжение го очекува тежок распоред.