Реал Мадрид нема да штеди пари за германски репрезентативец


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Шпанскиот и европски шампион Реал Мадрид планира да го откупи договорот на германскиот репрезентативец Нико Шлотербек.

„Билд“ пишува дека „кралевите“ покажале сериозен интерес за дефанзивецот на Борусија Дортмунд и наскоро ќе испратат понуда до Германија.

Шлотербек имаше солидна сезона со Дортмунд, но и со Германија на Европското првенство, па затоа привлече голем интерес.

„Кралевите“ наводно биле подготвени да платат 40 милиони евра за услугите на Шлотербек, кој има договор со „милионерите“ до 2027 година.