Реал Мадрид нуди 35 милиони евра за фудбалер на Баерн Минхен?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германските медиуми објавија дека Баерн Минхен наскоро би можел да заработи 35 милиони евра затоа што Реал Мадрид е заинтересиран за Кингсли Коман, а за него интерес покажале уште и Ливерпул, Манчестер сити, ПСЖ, Барселона и Манчестер јунајтед.

„Кралевите“ наводно се фаворити за потписот на Коман, а тие се подготвени да платат 35 милиони евра за услугите на 25-годишниот фудбалер на Баварците.

Шпанскиот гигант ќе се обиде да го купи уште во јануари, но засега понудата од 35 милиони евра изгледа премалку за фудбалер како Коман, па сега на потег е германскиот шампион.